Украина: Белорусија нареди печатење на 50.000 повици за мобилизација

Од:

Главниот штаб на вооружените сили на Украина тврди дека добил информација дека воениот комесаријат на регионот Брест во Белорусија објавил тендер за печатење на 50.000 повици за мобилизација до крајот на оваа година.

„Според достапните информации, воениот комесаријат на регионот Брест објави тендер за печатење на 50.000 повици за мобилизација со краен рок до 31 декември во тековната година“, пишува Генералштабот на вооружените сили на Украина во дневниот извештај.

Белорусија вели дека не сака директно да се вклучи во војната, но дозволува руски војници да бидат стационирани на нејзина територија, која Русија ја користеше како задна база за нејзината инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Минск и Москва најавија заеднички воени сили во октомври, а украинската војска е загрижена поради „растечката закана“ од нова руска офанзива од Белорусија.

Украина во петокот објави дека гради армирано-бетонски ѕид и други видови барикади на границата со Белорусија. Советникот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко изјави дека во областа Волин, на границата со Белорусија, е подигнат ѕид долг 3 километри, покриен со бодликава жица.

Киев вели дека Белорусија останува закана. Поставени се и вреќи со песок, а се копаат ровови, рече Тимошенко. „Тоа не е се, но нема да ги откриеме деталите“, рече официјалниот претставник.

Тој додаде дека во тек се и други работи во регионите Ривне и Житомир, кои исто така граничат со Белорусија. Тимошенко објави фотографии од чуварите како одвиткуваат бодликава жица до ѕид кој изгледа висок повеќе од два метри.

Украинскиот министер за одбрана изјави за Ројтерс дека се уште постои закана од Белорусија, но дека тамошните сили се „во пасивна позиција“. Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ