Украина бара повеќе оружје додека борбите во источниот дел на земјата се интензивираат

Од:

Русија ги засили своите напори да ги спречи пробивањата на украинските линии на истокот од земјата, ставајќи нов акцент на потребата на Киев од повеќе западно оружје, изјавија украинските власти.

Украинската војска соопшти дека се водат жестоки борби, еден ден откако руски ракети и беспилотни летала убија најмалку 11 лица во големите напади како одговор на ветувањата на Западот дека ќе ја снабдува Украина со тенкови.

По неколкунеделен притисок од сојузниците, Берлин и Вашингтон и ветија на Украина десетици модерни тенкови, отворајќи го патот за Канада, Полска, Финска, Шпанија, Норвешка и други земји да го сторат истото. Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на своите сојузници за тоа, но тој исто така ги повтори повиците за построги санкции против Москва и јасно стави до знаење дека на неговата земја и треба повеќе оружје за да ги одбие Русите.

Би можело да ве интересира

Руски ракетен напад врз Одеса, има повредени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стрелков: Го советувам Путин да замолчи и да не ја отвора устата

Ана Ололовска

Русија бара работници за изградба на утврдувања на Крим – дневница до 90 долари

Путин: Британија најави испраќање тенкови и гранати со осиромашен ураниум, ако тоа се случи, ќе одговориме

Ана Ололовска

Шојгу: Можен е нуклеарен судир меѓу Русија и Западот

Ана Ололовска

САД: Украина ќе ги добие нашите тенкови Абрамс до есен

Ана Ололовска