Украина бара по „забрзана постапка“ членство во НАТО

Од:

Украина официјално ќе побара „забрзано членство во НАТО“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано членство во НАТО“, рече тој во видео обраќањето.

Украинскиот лидер тоа го соопшти неколку минути откако Русија официјално ја официјализираше анексијата на четири украински региони.

Украинскиот лидер додаде дека Киев е подготвен да преговара со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг руски претседател.

„Подготвени сме за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија“, објави Зеленски во видео пораката објавена на неговиот канал на Телеграм.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина