Украина 1996 година го предаде нуклеарното оружје на Русија

Од:

Кога Советскиот Сојуз се распадна 1991. година, како една од двете светски суперсили, имаше голем нуклеарен арсенал, кој по некои проценки достигнувал и 10.000 мегатони. Оружјето беше распределено по сите републики од бившата држава.

Во моментот кога стекна независност и стана суверена, Украина доби нуклеарно оружје, и претставуваше трета земја во светот по број на стратешко нуклеарно оружје на светот. Украина имаше поголем број боеви глави отколку што имаат Велика Британија, Франција и Кина заедно: 1.900 боеви глави. Се прашувате што се случи со оружјето?!

Украина, под притисокот на светските сили, но и со договор, се одрече од своето нуклеарно оружје во замена за гаранции за украинската независност.

Во 1994. година претседателите на Украина, Русија и САД потпишаа изјава, која ја гарантираа и Франција и Кина, а според која Украина ќе ги уништи нуклеарните бомби, во замена за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет.

Нуклеарките кои ги доби Украина останаа во државата се до 1996 година, кога последните вагони натоварени со атомско оружје ја преминаа границата и влегоа во Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот