Укинати летовите за Украина

Од:

Авион кој летал од градот Фуншал во Португалија за Киев, денеска принудно слетал во Кишињев, Молдавија, бидејќи сопственикот на авиокомпанијата му забранил на авионот да влезе во украинскиот воздушен простор.

Како што пренесува агенцијата Интерфакс-Украина, на веб-страницата на таа авиокомпанија било објавено дека Sky Up заедно со Амбасадата на Украина во Молдавија ќе обезбеди трансфер на патници во Украина.

Претходно беше објавено дека холандската авиокомпанија KLM одлучила да ги прекине летовите кон Украина, како мерка на претпазливост поради тензичната ситуација во таа земја.

Пратеникот на Врховната рада на Украина од опозициската партија Европска солидарност, Алексеј Гончаренко изјави дека, најверојатно, од понеделник ќе биде прекинат воздушниот сообраќај над Украина, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина