Укината пресудата за поранешниот австриски вицеканцелар Штрахе за случајот корупција

Од:

Судот во Виена ја укина пресудата на поранешниот австриски виц еканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе во случајот за корупција.

Штрахе беше осуден на 15-месечна условна казна минатата година, откако беше обвинет за промена на законодавството во корист на сопственик на приватна болница.

Вишиот регионален суд во Виена утврди дека претходното судење не ги земало доволно предвид потенцијалните текстуални пораки, кои би можеле да доведат до негово ослободување, изјави денеска портпаролот на судот.

Случајот се однесува на донации во 2016 и 2017 година за екстремно десничарската Партија на слободата на Штрахе од страна на оператор на болницата во Виена, кој бил пријател на Штрахе.

Штрахе, кој во времето на донациите беше претседател на партијата, беше обвинет дека помогнал да се промени законот за да се фаворизира бизнисот на неговиот пријател, откако тој станал вицеканцелар.

Штрахе, служеше како вицеканцелар во коалициската влада под конзервативниот канцелар Себастијан Курц помеѓу 2017 и 2019 година.

Владата пропадна поради видеото направено на кое Штрахе очигледно им продава услуги на Русите во вила на Ибица, потсетува ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спасовски: Ќе има кривична пријава за возачот на Палевски, адвокатот е задржан во полициска станица

Александар Тодески

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

Таткото на Вања оди во притвор: Судот го прифати предлогот на обвинителството

Покрената истрага за Палевски за да може да биде распишана потерницата, судија одобрил и притвор

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески