Угостителските објекти, хотелите и културните институции во Австрија остануваат затворени до Велигден

Од:

Австриската Влада ја продолжи епидемиолошката мерка за заклучување на угостителски објекти, хотелите и културните институции до „околу Велигден“, соопшти синоќа австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој рече дека на 1 март повторно ќе се анализира ситуацијата со експерти, лидерите на провинциите и парламентарните партии.

Курц потенцираше дека епидемиолошката состојба е сè уште стабилна и по олабавувањето на мерките, односно отворањето на сите продавници.

Сепак, тој изјави дека британската мутација на коронавирусот се шири во источниот дел на земјата, а јужноафриканската во Тирол.

Затоа, според него, потребно е да се биде многу внимателен и да се избегнуваат приватни контакти.

– Ако сите не бидеме внимателни и не ги почитуваме мерките, наскоро повторно ќе бидеме во ситуација на експоненцијален раст, предупреди Курц.

Во исто време, тој изрази надеж дека епидемиолошката состојба ќе се одржи под контрола преку масовно тестирање.

Курц рече дека оваа недела, бројот на тестови за коронавирусот може да надмине два милиони, што е повеќе отколку што, како што рече, направила некоја земја.

Тој исто така потсети дека од 1 март граѓаните во аптеките ќе можат да добијат бесплатни тестови за домашна употреба.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена