Учесниците на самитот Г20 сакаат да го исфрлат Лавров од заедничката фотографија, смислуваат план

Од:

Беше сугерирано дека традиционалното заедничко фотографирање на учесниците на самитот на Г20 може да се укине, за да се избегне фотографирање на претставници на земјите кои ја поддржуваат Украина со руски претставник. Меѓутоа, сега се бара модел кој ќе овозможи рускиот претставник Сергеј Лавров да биде исклучен од фотографијата, а останатите учесници да ја продолжат традицијата на заедничко фотографирање, дознава Политико.

Основниот аргумент за таквиот потег беше да се поштедат другите лидери од срамот да бидат фотографирани како насмеани покрај Лавров. Заедничката фотосесија со Лавров би била особено проблематична во случајот со доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се очекува да учествува на самитот.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо, кој е и домаќин на самитот, не е среќен со ваквиот план. Затоа, организаторите на самитот на Г20 сега разговараат за идејата на заедничката фотографија да има само шефови на држави и влади. Ова би го оневозможило рускиот министер за надворешни работи Лавров да биде на фотографијата.

Би можело да ве интересира

Во Русија се урна украински дрон, три лица се тешко повредени

Горан Наумовски

Русите се вооружија: Со беспилотни летала-камикази ја уништуваат Украина

Лавров: Америка ги премина сите граници на пристојност

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дрон падна на 150 километри од центарот на Москва

Горан Наумовски

АП: Нова кампања за регрутирање во Русија

Горан Наумовски

Околу 70 украински војници се предале на ДНР во последните две недели