Убиство на црковно лице со мачета во Шпанија, злосторството се истражува како можен терористички акт

Од:

Маж вчера со мачета уби едно црковно лице и рани свештеник во нападите на две цркви во Алхесирас пред да биде уапсен, соопшти синоќа шпанското Министерство за внатрешни работи, појаснувајќи дека случајот се истражува како потенцијален чин на тероризам.

Министерството не го соопшти идентитетот на уапсениот во овој град на југот на Шпанија.

Мажот прво влегол во црквата Сан Исидро и со мачета го нападнал свештеникот, кој е тешко повреден, соопшти Министерството, а локалните медиуми пренесуваат дека е хоспитализиран.

Напаѓачот потоа отишол во црквата во Нуестра сењора да ла Палма, и со мачета, пред овој објект, го убил црковното лице.

Локалните медиуми јавуваат дека се повредени уште најмалку три лица.

Пред Националниот суд на Шпанија е отворена истрага како потенцијален терористички акт, а полицијата се обидува да ја утврди „природата на нападот“. Не се соопштуваат други детали.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Шпанија е уапсен Албанец кој уби Србин и тешко рани државјанин на БиХ

Горан Наумовски

10 години затвор за девојката која го уби 16-годишникот во тетовско

Катерина Павлова-Николовска

Младоженец убиен на денот на свадбата

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Тригодишно девојче случајно ја убило својата четиригодишна сестра

Горан Наумовски

Мицкоски: Власта е ортак со криминалците затоа имаме убиства на 300 метри од центарот на Скопје