Убиени двајца палестински тинејџери во израелски воздушен напад врз Газа

Од:

Двајца Палестинци, на возраст од 15 и 16 години, беа убиени при израелски воздушен напад на зграда во западниот дел на градот Газа, објави Министерството за здравство во палестинската енклава.

Тинејџерите се наоѓале на улицата до зградата, која била празна.

Израел одлучи да преземе моќна акција против агресијата од Газа, изјави портпарол на израелската влада.

Израелската војска погоди десетици објекти на палестинската група Хамас во Појасот Газа, а палестинските екстремисти истрелаа десетици ракети преку границата во текот на денот.

Најмалку тројца Израелци беа ранети од палестински ракети.

Израелските воздухопловни сили денеска ја извршија најголемата кампања од воздушени напади во Појасот Газа по 2014 година.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан