Убиени девет здравствени работници во Пакистан

Од:

Три лица се убиени денеска во најновите напади врз здравствени работници кои вршат вакцинација против детска парализа во Пакистан.

Со овој напад, од понеделникот кога е започната вакцинацијата, убиени се вкупно девет здравствени работници, соопштија пакистански службеници.

Поради серијата смртоносни напади во изминатите три дена УНИЦЕФ и Светската здравствена организација ја прекинаа кампањата за вакцинација против детска парализа во Пакистан.

Една жена, здравствен работник, и нејзиниот возач се убиени денеска во Чарсади, во близина на Пешевар. Здравствениот работник, што денеска беше тешко повреден во предградие на Пешевар, почина од повредите, изјави доктор во болницата Ахмед Саклеин.

Напаѓачи извршија неколку напади врз здравствени работници во Пакистан, ден откако убија четири жени, кои беа дел од кампањата за вакцинација против детеска паралзиа, на која се противат талибанците.

Пакистан е една од трите земји во светот каде постои детска парализа, но напорите да се искорени оваа заразна болест се отежнати поради отпорот на талибанците, кои се противат на тимовите за вакцинација во некои области.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран