Убиени 23 лица при израелски воздушни напади во Сирија

Од:

Најмалку 23 лица загинаа при воздушни напади на израелски авиони во источниот дел на Сирија врз пунктови на владини безбедносни сили и нивните ирански сојузници, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

Шефот на Сирискиот центар, Рами Абдел-Рахман, изјави дека околу 18 израелски напади биле извршени врз магацини за оружје и воени позиции во источна Сирија, при што загинале најмалку седум припадници на владините безбедносни сили и 16 сојузнички војници, вклучително и борци на либанското шиитско движење Хезболах и милициите поддржани од Иран, објави ДПА.

Сириските државни медиуми ги потврдија воздушните напади без да соопштуваат жртви.

– Израелскиот непријател изврши воздушна агресија во источните градови Деир ал-Зур и Ал-Бу Камал, соопшти сириската новинска агенција САНА.

Досега Израел нема изнесено официјален став во врска со извештаите за нападите.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град