Убиен проруски началник, украински дипломат објави фотографија од телото: „Елиминиран еден од предавниците“

Од:

Утрово е убиен Дмитриј Савлученко, проруски политичар назначен од руските сили за шеф на администрацијата за млади, семејство и спорт во окупираниот град Херсон. Информацијата ја потврди руската агенција РИА Новости.

РИА наведува дека Савлученко е убиен „во терористички напад“.

Украинците, логично, сосема поинаку ја дочекаа смртта на Савлученко.

„Нашите партизани забележаа уште една победа“, објави на Фејсбук Серхиј Клан, советник на началникот на воената администрација на регионот Херсон, додавајќи: „Проруски активист и предавник утрово беше разнесен во неговиот автомобил во Херсон“.

Украинскиот дипломат и поранешен амбасадор на таа земја во Австрија, Олександр Шерба, на Твитер објави фотографија од мртвото тело на Савлученко, на која се гледа и уништениот автомобил.

„Дмитриј Савлученко, еден од предавниците во окупираниот Херсон, утрово е елиминиран. Животот на предавникот е краток деновиве во Украина. Ќе не пречекаат со цвеќе“, напиша Шерба.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин