Убиен лидерот на Исламска држава

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските воени сили во северозападна Сирија го убиле Абу Ибрахим ал-Хашими ал Кураши, водачот на терористичката група Исламска држава.

„Американските воени сили во северозападна Сирија успешно презедоа антитерористичка операција за заштита на американскиот народ и нашите сојузници“, наведе Бајден во изјавата, додавајќи дека ниту еден војници не бил повреден за време на операцијата.

Малку е познато во јавноста за Ал Кураши, кој ја предводеше екстремистичката група по смртта на Абу Бакр ал-Багдади, кој се самоуби во 2019 година додека американските специјални сили се приближуваа кон него, пренесува ДПА.

Бајден најави повеќе детали за операцијата во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа