„Убер“ примиле повеќе од 3.000 пријави за сексуален напад во САД во 2018 година

Од:

Убер (Uber Technologies Inc) објави дека примиле повеќе од три илјади обвиненија за сексуален напад, вклучително и силување, поврзани со патувања во САД во текот на минатата година во која имало околу 1,3 милијарди возења.

Убер исто така објави дека бројките за минатата година покажуваат пад од 16 проценти на инциденти во однос на 2017 година во петте најсериозни категории на пријавен сексуален напад.

Извештајот беше објавен затоа што Убер е под голем притисок од регулаторите во многу градови, вклучително и Лондон, кој неодамна ја укина лиценцата за таа патничка услуга заради ’зачестеност на пропусти’ за безбедноста и заштитата.

Убер наведува дека извештајот од 84 страници ја покажува посветеноста на компанијата за транспарентност со цел „зголемена одговорност и подобрување на безбедноста за Убер и целата индустрија“. Според нив, 99,9 отсто од сите нивни 2,3 милијарди возења во текот на 2017 и 2018 година завршиле без безбедносни инциденти.

Убер, компанија што работи во околу 70 земји, најави дека ќе го искористи она што го научи во изготвувањето на извештајот на САД за своите „следни чекори“ во други земји, иако не се обврза да донесе нови извештаи.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана