Уапсени последните двајца палестински бегалци од израелскиот затвор Гилбоа

Од:

Двајцата затвореници, последни од шестемината палестински бегалци, кои на 6 септември избегаа од затворот Гилбоа, се пронајдени и приведени во источниот дел на градот Џенин, јавија денеска западните агенции, повикувајќи се на израелската полиција.

Израелските сили ги лоцираа во овој град и успеаја да ги фатат, откако пред половина месец ископаа тунел и избегаа од израелскиот затвор со силно обезбедување.

Двајцата мажи беа пронајдени во источниот дел на градот Џенин, соопшти денеска полицијата на Твитер.

-Најеф Камамџи и Мунадел Јакуб Инфаат се предадоа откако армијата и полицијата ја опколија куќата во која се криеја во Џенин, изјави портпаролот на израелската армија Авичај Адреи.

На Твитер беа објавени и фотографии од нивното апсење.

Откако затворениците избегаа од затворот Гилбоа, во северен Израел, првото големо бегство од палестинскиот затвор по 20 години, по нив почна голема потрага.

Двајца од нив беа заробени во близина на градот Назарет на 10 септември, додека други двајца беа уапсени два дена подоцна.

Би можело да ве интересира

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

Нов состанок на воениот кабинет на Израел