Уапсени неколку шпиони во Белорусија

Од:

Неколку лица се уапсени во Минск за шпионажа во корист на Литванија, која граничи со Белорусија и е членка ЕУ, соопшти денеска информативниот центар на белорускиот Комитет за државна безбедност (КГБ), цитиран од западните агенции.

Официјален Вилнус демантира.

-Информацијата, изнесена на официјалниот Интернет сајт на белорускиот КГБ е неоснована. Ваквите инсинуации на тајните служби од соседни земји не помагаат во подобрувањето на билатералните односи, изјави портпаролот на литванското Министерство за надворешни работи Миндаугас Ласас.

Агентите на КГБ го приведоа граѓанинот Ф., агент на литванското воено разузнавање, додека извршувал разузнавачка активност, изјави белоруската служба.

Лицата, кои имале контакт со него, исто така, се уапсени во врска со предавање на тајни информации на странски тајни служби, посочува КГБ, без да прецизира колку лица се упасени или каква е нивната националност.

Белоруските агенти заплениле и опрема, главно електронска, употребена за собирање тајни информации од воен карактер, дополнува службата.

Соработката на приведените со литванските тајни служби е потврдено од доказите, собрани во истрагата, како и од признанијата на самите обвинети, подвлече КГБ.

Уапсените во овој шпионски случај можат да очекуваат казни од седум до 15 години затвор за предавство, напомена службата.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски