Уапсени над 30 осомничени членови на нарко картели во Мексико

Од:

Мексиканските безбедносни сили во Мексико Сити уапсија 31 лице поради сомнеж дека се поврзани со нарко картелите, а во акцијата се запленети 50 килограми синтетички дроги, повеќе од два тона марихуана и 20 килограми кокаин.

Владини претставници во земјата истакнале дека апсењата се извршени за време на рацијата спроведена во прикриени лаборатории за дрога и подземни тунели, кои нарко картелите ги користат за пренос на дрога во квартот Тепито, во центарот на Мексико Сити.

На снимките кои безбедносните сили ги објавиле на „Твитер“ се забележуваат војници со целосна воена опрема, паркирани оклопни возила и блокирани крстосници во близина на местата каде што е извршена акцијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД