Уапсени Иранци кои сакале да продаваат бебиња преку Инстаграм

Од:

Иранската полиција уапсила три лица осомничени за обид за продавање бебиња преку социјалната мрежа Инстаграм, соопшти денеска агенцијата Исна.

„Уапсени се три лица кои сакале да продадат две бебиња, изјави  началникот на техеранската полиција,“ Хосеин Рахими.

Тој прецизираше дека едното бебе било старо само 20 дена, а второто два месеца.

Полицијата ги уапсила лицата откако „продажбата на бебињата ја рекламирале на Инстаграм“. Фотографиите од бебињата биле споделени на 10 до 15 налози од оваа социјална мрежа.

„Бебињата биле купени за 226 до 450 евра, додека биле продавани за 1.800 до 2.250 евра, изјави Рахими,“ без да даде дополнителни детали.

Тој додаде дека бебињата се предадени на социјалната служба во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски