Уапсени двајца патници кои одбиле да носат маски во авион

Од:

На летот на холандската авиокомпанија КЛМ од Амстердам кон Ибица се случила тепачка откако двајца патници одбиле да стават заштитни маски.

Патниците помогнале да бидат совладани двете лица, кои по слетувањето на Ибица се уапсени од страна на шпанската полиција.

– Двајца непристојни патници одбиле да носат маски и физички и вербално ги вознемирувале другите патници, изјави портпаролот на КЛМ.

Тој додаде дека не била загрозена безбедноста на летот.

Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов