Уапсени 23 лица кои илегално внесле околу 10.000 мигранти во Велика Британија

Од:

Во Франција и во Холандија уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење на околу 10.000 мигранти кои во ладилници биле транспортирани во Велика Британија.

Ирачко-курдската мрежа криумчари на луѓе беше разбиена од француската погранична полиција во соработка со француската и холандската полиција со поддршка од Европол и Евроџаст.

– За време на претресот на повеќе локации полицијата пронашла илегални мигранти, кои се одведени на сигурно место, соопшти Европол.

Во Франција уапсени се 19, а во Холандија четири лица, додека во петте рации одземена се оружје и возила.

Мигрантите плаќале по 7.000 евра за опасното патување во пренатрупаните камиони ладилници. Уплатите се вршеле преку тајниот банкарски систем „хавала“, со кој управувал осомничен од Холандија.

Постои сомневање дека криминалната група преку незаконски активности се стекнала со околу 70 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он