Уапсени 12 екстремисти во Германија

Од:

Во полициска акција против десничарскиот екстремизам, спроведена денеска во шест германски покраини, уапсени се 12 лица осомничени за припадност на терористичка група.

„Полициска претрес е извршен на 13 локации, а претресот започнал од пет лица претходно познати на властите“, соопштија од Обвинителството во Карлсруе.

Терористичката организација планирала напади врз полицијата и припадниците на малцинствата.

Според германското сојузно обвинителство наводно петтемина формирале организација во септември 2019 година со цел да се наруши поредокот во Германија, а за постигнување на својата цел планирале напади врз политичари, баратели на азил и муслиманите, за да предизвикаат воена состојба.

Уште осум лица се под сомнение дека финансиски ја помагале групата, набавувале оружје и планирале да учествуваат во идните напади.

 

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени