Уапсен руски шпион во Украина

Од:

Украинската служба за безбедност уапси висок агент кој е осомничен за „велепредавство“. Агентот со својот телефон фотографирал разни документи за воените позиции во Запорожје, а кај него биле пронајдени и големи суми пари.

Покрај снопови пари, најдени се и СИМ-картички кои, според Украинската служба за безбедност, биле издадени од руски мобилни оператори, два ножа и прирачник за изучување англиски јазик.

„Пронајдени се и докази за постојана комуникација со претставници на полицијата и државните органи на Руската Федерација, вклучително и блиски роднини на осомничениот агент“, се вели во соопштението на Службата.

Генерал-мајор Виктор Јахун, кој беше заменик-шеф на СБУ до 2015 година, тврди дека овој случај докажува дека е потребно темелно чистење на службата, која долго време има блиски односи со руската ФСБ.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари минатата година, повеќе од 60 членови на СБУ и на Јавното обвинителство кои останаа на окупираната територија се осомничени за соработка со руските сили.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“