Уапсен осомничениот за убиството на британскиот мултимилионер Сатон

Од:

Еден од најбогатите Британци, Сер Ричард Лексингтон Сатон (83) е пронајден мртов во својот дом во округот Дорсет со убодни рани по телото. Неговата сопруга е пронајдена повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот, јавија британските медиуми.

Убиството се случило во средата навечер, а како што јавува утрово „Сан“, неколку часа подоцна, полицијата почнала операција по која вчера е уапсен 34-годишен маж, осомничен за нападот. Полицијата потврди дека тој ги познавал жртвите, додека според сознанијата на „Сан“ тој живеел во куќата, заедно со нападната двојка. Тој е одведен во болница со повреди кои не се животно загрозувачки.

Сатон беше убиен во својата куќа на имот вреден околу 2,5 милиони евра, а неговото богатство се проценува на околу 335 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Британците од овој месец ќе можат без ПЦР-тест да влезат во Шпанија

Жарко Настоски

Британскиот парламент истражува со кои пари Борис Џонсон си го реновирал станот

Жарко Настоски

ВИДЕО: Пожар во облакодер во Лондон, ангажирани повеќе од сто пожарникари

Ана Ололовска

Почина пејачот и манекен Ник Кејмен, славен во 80-тите

Жарко Настоски

Англија: Нов 3Д скенер за пациенти со кардиоваскуларни болести

Ана Ололовска

Британија без одлука за статусот на дипломатите од ЕУ

Ана Ололовска