Уапсен осомничен за кражба на податоци од НСА

Од:

Американското Министерство за правда синоќа соопшти де е уапсен маж, кој е осомничен за кражба на „супет тајни податоци’, додека бил ангажиран по договор за работа во една федерална агенција на САД.

Весникот „Њујорк Тајмс“ наведува дека станува збор за Харолд Томас Мартин, кој работел за Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Властите официјално го товарат Мартин за грабеж и за неовластено одземање на стрго доверливи и тајни материјали.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека тој е осомничен оти украл информатички кодови со кои биле овозможени хакерски упади во американските мрежи од стран на странски влади.

Овој 51-годишен Американец сега се соочува со затворска казна од десет години.

Неговиот адвокат за весникот „Балтимор Сан“ изјави дека во случајот на Мартин нема „предавство кон САД“, нагласувајќи дека обвинетиот „многу ја сака својата земја“.

Според соопштението на Министерството за правда, уапсениот работел за фирмата „Буз Ален Хамилтон“, истата компанија каде под договор беше ангажиран и Едвард Сноуден, кој украде тајни документи на американаканската Влада, а потоа ги објави и побегна преку Хонг Конг во Русија, каде и сега се наоѓа.

Во соопштението се вели дека кај Мартин биле откриени шест тајни документи, што  биле најдени при извршениот претрес на неговата куќа и на имотот кон крајот на август оваа година.

„Њујорк Тајмс“ објаснува дека Мартин бил осомничен оти земал една од шифрите на НСА, преку која било извршено хакирањето на безбедносните и другите компјутерски системи од страна на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја.

При апсењето, Харолд Томас Мартин, прво ги отфрлал обвинувањата но потоа го признал обвинението.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат