Уапсен министер за здравство поради набавка на скапи респиратори

Од:

Сменетиот боливиски министер за здравство Марсело Навахас (62) е уапсен бидејќи со истрага е утврдено дека купувал болнички респираторни машини трипати поскапи од вистинската цена.

На Навахас му е одреден тримесечен притвор.

Боливиската претседателка Жанин Ањес го смени Навахас во четвртокот по извештајот дека на една каталонска компанија и платил 4,7 милиони долари за 179 респиратори поради лекување на пациентите заболени од новиот коронавирус. Утврдено е дека машините биле трипати поскапи од вистинската цена.

Навахас ја извршуваше министерската функција само 45 дена, а неговиот адвокат тврди дека тој не е виновен.

Освен него, уапсен е и директорот на Министерството, Фернандо Валенцуела, кому е одреден шестмесечен притвор.

Интер-американската развојна банка, која ја финансирала набавката на респираторите соопшти дека започнала сопствена истрага за случајот.

Би можело да ве интересира

НАТО ни донира 60 респиратори вредни 1.4 милиони евра

Жарко Настоски

НАТО донира 60 респиратори во Албанија

Жарко Настоски

Во САД ги фрлиле на отпад респираторите што им ги донира Русија

Жарко Настоски

Германија ни донира осум респиратори

Жарко Настоски

Норвешка ни донираше 20 респиратори

А1он

САД ѝ донира 200 респиратори на Русија

А1он