Уапсен лидерот на полската екстремистичка десница поради антисемитизам

Од:

Лидерот на полската екстремистичка десница Јацек Миедлар денеска е уапсен поради јавно поттикнување на омраза кон Евреите.

Миедлар, кој е поранешен свештеник уапсен е во градот Вроцлав поради манифестот во кој ги обвинува Евреите за предавство на Полска во 1918 година, кога на земјата и беше вратена независноста.

Миедлар е еден од најконтроверзните и најпрепознатлив припадник на екстремната десница во Полска, а подолг период шири антисемитизам и исламофобија.

Во 2017 година на Миедлар му беше забрането да влезе во Велика Британија, каде планираше да учествува во марш против исламот.

Полското обвинителство пред неколку години покрена истрага против Миедлар поради тоа што за време на проповед ги нарече Евреите „рак рана“, но потоа се откажаа од случајот.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба