Уапсен израелски војник поради заканувачки пораки кон Нетанјаху

Од:

Израелската полиција уапси 21-годишен маж, осомничен дека на социјалните мрежи поставувал заканувачки пораки против премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Осомничениот е војник, кој меѓу другото напишал дека „постои решение, а тоа е да се собори Биби (прекарот на Нетанјаху)“.

– Тоа се случи и претходно со премиерот кој е неправедно соборен, но сега имаме премиер кој ги соборува сопствените граѓани. Веројатно тоа ќе се повтори и оправдано ќе се случи, а полицијата која е негов слуга треба да биде каменувана до смрт. Тоа е решението, се наведува во заканувачката порака, пренесена од израелските медиуми, во која се алудира на убиството на некогашниот израелски премиер Јицак Рабин во 1995 година.

Нетанјаху неодамна пријави во полиција закани со смрт упатени кон него и неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски