Уапсен еден од најбараните мексикански нарко босови во САД

Од:

Мексикански нарко бос, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен вчера во Мексико, соопшти Министерството за воена морнарица.

Рафаел Каро Кинтеро (69) е уапсен во северната држава Чивава, додаваат мексиканските медиуми.

Тој беше на списокот од десет бегалци барани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) во Мексико, „Кики“ Камарена, во 1985 година, наведува ФБИ.

Вашингтон понуди 20 милиони долари за негово апсење. Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти.

„Тој го задржа влијанието во картелот Синалоа и во организацијата за трговија со дрога Каро-Квинтер“, додава ФБИ.

За првпат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико. Поради формално правно прашање, тој беше ослободен во 2013 година. Набргу потоа, мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.

Би можело да ве интересира

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД

Разбеснети фармери убија членови на мексиканскиот картел, наскоро следуваше одмазда

Шест лица загинаа во борба на нарко картели во Мексико

Силен земјотрес во Мексико