Латвија – најубава земја на светот

Од:

Две балкански држави, Хрватска и Грција влегоа во изборот на дваесет најубави земји на кој гласаа твитер корисниците. Иако се очекуваше дека на листата најубави ќе се најдат земји кои нудат во изобилство плажи, мориња и кокосови дрва или земји –тропски острови, анкетата изненади.

Корисниците на Твитер гласаа – Латвија е најубавата земја во светот. Анкетата која била спроведена за потребите на светските патници, нудеше бројни фотографии и описи на земјите. Така на скалата од ТОП 20, со 36 отсто победи балтичката држава, а на 13 место се најде Хрватска и тоа веднаш за САД, додека јужниот сосед Грција на 17 место.

Ова се 20 најубави држави според твитер корисниците:

  1. Латвија
  2. Мексико
  3. Турција
  4. Индонезија
  5. Велика Британија
  6. Италија
  7. Нови Зеланд
  8. Бразил
  9. Индија
  10. Канада
  11. Ирска
  12. САД
  13. Хрватска
  14. Швајцарија
  15. Австралија
  16. Колумбија
  17. Грција
  18. Перу
  19. Португалија
  20. Франција

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од уривањето на советскиот споменик во Латвија

Ана Ололовска

Летонија доби нова Влада четири месеци по изборите

Наум Локоски

Во Латвија запленети повеќе од два тона кокаин

Наум Локоски

(ВИДЕО) Димитров: Во Рига формирана Парламентарна група за пријателство со Македонија

Наум Локоски

Министерот за одбрана Вејонис е нов претседател на Латвија

Ана Ололовска

Министерот за одбрана на Латвија во посета на Македонија

Ана Ололовска