Твитер затвора десетици профили поврзани со Саудиска Арабија

Од:

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека открила мрежа на профили кои припаѓаат на Саудиска Арабија, Иран, Куба, Тајланд и Русија, вклучувајќи и мрежа поврзана со саудиската Влада која се претставува како истакнати катарски личности.

Твитер наведува дека ги додал тие мрежи на списокот на мрежи поврзани со владите на тие земји и оти трајно забранил 1.594 профили поради поврзаност со тие мрежи.

Компанијата објасни дека се отстранети 33 профили поврзани со саудиската Влада, кои биле користени за лажно претставување во име на истакнати катарски политички фигури и за објавување приказни поврзани со Катар, кои било во прилог на саудиските власти.

Платформата исто така објави дека затворила 104 профили поврзани со Иран, поради промовирање насилство во САД и злоупотреба на афроамериканските демонстрации и убиството на Џорџ Флојд.

Твитер наведува дека архивата на информациските операции поврзани со државите е единствениот извор на вистината при откривањето на операциите поддржани од држави на платформата.

Твитер исто така нагласи дека прелиминарните податоци ги споделил Опсерваторијата за Интернет Стенфорд за да спроведе независна истрага.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови