Твитер побара од работниците да се вратат: По грешка биле отпуштени

Од:

Твитер, откако отпушти околу половина од својата работна сила во петокот по купувањето од 44 милијарди долари од страна на Илон Маск, сега им се обраќа на  десетици вработени кои останале без работа и бара од нив да се вратат.

Блумберг, цитирајќи две лица запознаени со процесот, вели дека некои од оние кои биле замолени да се вратат по грешка биле отпуштени од работа.

Работниците беа отпуштени пред менаџментот да сфати дека нивната работа и искуство може да бидат потребни за да се изградат новите опции кои Маск ги замислил да ги додаде, рекоа извори од агенцијата, барајќи да не бидат идентификувани додека разговараат за приватни информации.

Твитер оваа недела отпушти речиси 3.700 луѓе преку е-пошта како начин да ги намали трошоците по купувањето на Маск. Многу вработени дознаа дека се без работа откако ненадејно им беше суспендиран пристапот до системите на целата компанија, како што се е-пошта и Slack. Колку избрзан и хаотичен беше процесот покажуваат барањата за враќање на вработените.

Портпаролот на Твитер не одговори на барањето за коментар.

„Во врска со намалувањето на работната сила на Твитер, за жал, нема избор кога компанијата губи преку 4 милиони долари дневно“, напиша Маск во петокот на Твитер.

Твитер има близу 3.700 вработени преостанати, според луѓе запознаени со ова прашање. Маск ги принудува оние кои остануваат во компанијата брзо да почнат да градат нови функции, а во некои случаи вработените дури и спиеле во канцеларија за да ги исполнат новите рокови.

Би можело да ве интересира

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски