Твитер ќе се бори против дезинформации на изборите во САД во 2020 година

Од:

Социјалната мрежа “Твитер” синоќа објави дека активира алатка за борба против дезинформации на претседателските избори во САД во 2020 година.

Активираме алатка за клучните моменти на американските избори 2020 година, која ќе им овозможи на луѓето да пријават информации кои водат во заблуда како да се учествува во изборите или други граѓански настани, се вели во соопштението на “Твитер”.

Лани во октомври, основачот на социјалната мрежа, Џек Дорси изјави дека компанијата забранува секаква политичка реклама на својата мрежа.

Ние донесовме решение да запреме со политичка реклама на “Твитер” низ целиот свет.

Наше убедување е дека ширењето политички идеи треба да се заслужи а не купува, соопшти тогаш Дорси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја