Твитер ги отстранува профилите од повеќе земји кои шират дезинформации и говор на омраза за време на пандемијата

Од:

Компанијата „Твитер“ отстрани илјадници сметки од Србија, Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија за постапување според владини директиви или за промовирање провладина содржина.

Како што пренесуваат странските агенции, „Твитер“ и останатите социјални мрежи се под притисок да ги отстранат сите дезинформации и говор на омраза од нивните платформи, кои исто така се зголемени поради пандемијата на коронавирусот.

Во соопштението на Твитер се наведува дека се отстранети профилите затоа што тие ги прекршиле политиките на платформата и биле намерно создадени за да ја поткопаат јавната расправа.

Отстранети се околу 2.541 профили што се поврзуваат со египетскиот весник „Ел Фагр“ поради создавање лажни профили кои генерираа пораки кои ги критикуваат државите како Иран, Катар и Турција.

„Информациите што ги добивме однадвор укажуваат дека сметките ги следеле упатствата на египетската влада“, се вели во соопштението на компанијата „Твитер“.

Компанијата отстрани и 3.104 лажни профили што беа создадени под единствена ИП-адреса во Хондурас од владин службеник за споделување претседателски содржини.

Би можело да ве интересира

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Онлајн медиумите и социјалните мрежи се најчест извор на граѓаните на информации за политика

Орце Костов

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Твитер одби да се пребара профилот на Трамп, па заработи парична казна

Горан Наумовски

Од Слупчане не кажаа, 3000 денари за цело село или 3000 денари по куќа ќе плаќаат? – Реакции на социјалните мрежи

Орце Костов