Тужба против Трамп поради странските уплати во неговите компании

Од:

Група, во која членуваат поранешни правни застапници на Белата куќа за етички прашања денеска ќе поднесе тужба против новиот американски претседател Доналд Трамп поради тоа што им дозволил на неговите компании да прифаќаат уплати на странски влади, со што го прекршил американскиот Устав.

Во тужбата, која во Вашингтон ќе ја поднесе групата Граѓани за одговорност и етика, се наведува дека одредби од Уставот забрануваат уплати во компаниите на Трамп.

– Страната, која ја поднесува тужбата ќе побара од судот да му забрани на Трамп да прифаќа вакви уплати, изјави Дипак Гупта, еден од адвокатите, кои работат на тој случај.

Трамп има бизнис соработка со земји како што се Кина, Индија, Индонезија и Филипини, соопшти групата, која го тужи новиот претседател.

– Кога претседателот Трамп ќе седне да преговара за трговските спогодби со тие земји американскиот народ нема да може да знае дали тој ќе мисли на својот деловен профит, се вели во соопштението.

Меѓу правните застапници на страната, која ја поднесува тужбата ќе биде и Ричарс Пејнтер, поранешен адвокат за етички прашања во Белата куќа за време на републиканскиот претседател Џорџ В. Буш.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени