Туск: Одлуката за одложување на Брегзит за неколку денови

Од:

Лидерите на ЕУ ќе одлучат „во следните денови“ дали ќе и се одобри на Велика Британија уште едно продолжување на рокот за излез од Унијата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, воедно, истакна дека нивната одлука зависи од развојот на ситуацијата во Лондон.

– Одлуката за продолжување на рокот за Брегзит за три месеци, по 31 октомври, во голема мера ќе зависи од тоа што ќе одлучи или нема да одлучи британскиот Парламент, изјави Туск.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера доживеа уште еден пораз откако претседателот на Долниот дом на Парламентот, Џон Беркоу соопшти дека Владата не може да бара од пратениците повторно да гласаат за договорот за Брегзит.

Џонсон апелираше до пратениците оваа недела да го одобрат договорот за Брегзит, нагласувајќи дека ниту тие, ниту ЕУ, ниту јавноста не сакаат ново одложување на излезот на Британија од Унијата.

Би можело да ве интересира

Де Алмеида: ЕУ нема да ги продолжи преговорите за Брегзит со Велика Британија

Ана Ололовска

Велика Британија одложува гранични проверки по Брегзит до крајот на 2023 година

А1он

Извештај на Комитет на британскиот Парламент: Брегзит донесе поголеми трошоци и бирократија и доцнење во снабдувањето

А1он

Премиерот на Северна Ирска поднесе оставка поради Брегзит

По оставката на Фрост, Лиз Трас ќе биде главен преговарач со ЕУ за Брегзит

Ана Ололовска

Британскиот министер за Брегзит поднесе оставка