Туск го презема Европскиот совет и веднаш му се јави на Обама

Од:

Доналд Туск денеска ја презеде функцијата претседател на Европскиот совет од Херман ван Ромпуј и негов прв потег беше да оствари телефонски контакт со претседателот на САД, Барак Обама. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, откако церемонијално ја презеде функцијата на неформален претседател на Европската унија, поранешниот полски премиер потврди дека веднаш потоа се слушнал со Обама, со цел, како што рече „да се потврдат силните односи на Унијата со САД и посветеноста на трансатлантската врска“.

– Разговаравме за важната работа што е пред нас во преговорите за Трансатланското партнерство за трговија и инвестиции (ТТИП). Овој договор не е само за слободна трговија, туку тој е израз на нашето геополитичко партнерство. Ние се согласивме да ги засилиме нашите напори кон постигнување на овој договор, истакна Туск.

Според Полјакот, чија функција е повеќе протоколарна и треба само да ги свикува Самитите на Европскиот совет и да ги поврзува шефовите на државите и Владите на земјите-членки на ЕУ, во разговорот со Обама се осврнале и на глобалната економска ситуација, при што Туск ја истакнал претстојната дискусија на Европскиот сове за планот за инвестиции во Европа.

Според наследникот на Ван Ромпуј, со претседателот на САД ја споделиле загриженоста во врска со кризата во Украина и се согласиле за тоа колку е важно Русија да се повлече од Источна Украина, да престане со снабдување со војници и опрема и да се овозможи ефикасна контрола на границата и слободно извршување на мисијата на ОБСЕ.

– Сите заложници да бидат ослободени. Европската унија и САД продолжуваат да работат заедно, вклучително и во однос на санкциите, како и во финансиската поддршка на Украина. Ние се согласивме да останеме обединети и да го задржиме стабилниот курс. Исто така, разговаравме и за безбедносните прашања и потребата за понатамошно зајакнување на односите меѓу ЕУ и НАТО, додаде Туск.

Новиот претседател на Европскиот совет, на крајот заклучи дека телефонскиот разговор со американскиот претседател го завршиле со благодарноста на Обама кон Европската унија за инвестирањето на повеќе од една милијарда евра во борбата против ширењето на вирусот ебола.

Денешниот прв потег на новиот претседател на Советот, за бриселските аналитичари значи покажување на јасен курс на потчинетост на Европската унија во однос на САД и насока за заострување на односите со Руската Федерација. Исто така, прва официјална средба на Доналд Туск е планирана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, што е закажана за в среда во Брисел.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ