Турско-руски разговори за Сирија и за Либија денеска и утре во Анкара

Од:

Турски и руски официјални лица ќе се состанат оваа недела во Анкара на нова рунда разговори за Сирија и Либија, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Москва и Анкара ги поддржуваат спротивставените страни во вооружените конфликти во Либија и Сирија.

„Консултациите меѓу турската и руската меѓуагенциска делегација за Либија и Сирија ќе продолжат на техничко ниво на 15 и 16 септември 2020 година во Анкара“, соопшти Министерството.

Анкара и Москва се главните посредници во либиската војна и разговараа за постојан прекин на огнот и за политичко решение на конфликтот во таа северноафриканска земја.

Русија ги поддржува силите на одметнатиот генерал Калифа Хафтар, со седиште на исток, додека Турција и помогна на меѓународно признатата влада на националниот договор (ГНА) од Триполи да ја одбие офанзивата на Хафтар.

Анкара и Москва ги поддржуваат и ривалските страни во Сирија.

Русија, заедно со Иран, ги поддржуваат силите на претседателот Башар ал-Асад, а Турција ги поддржува бунтовниците кои сакаат да го соборат од власт.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски