Турските здравствени власти планираат да вакцинираат над еден милион луѓе дневно

Од:

Турското Министерство за здравство е подготвено да администрира повеќе од еден милион дози вакцини против Ковид-19 дневно, јави Си-Ен-Ен-Турк.

dobivaj vesti na viber

Вакцините можат да се даваат во 1.500 јавни и приватни болници, како и во многу мали клиники. Досега, повеќе од 28 милиони луѓе се вакцинирани во Турција. Кампањата за вакцинација почна во јануари. Во земјата се вакцинира со Синовак и Фајзер/Бионтек. Наскоро се очекуваат и испораки на руската вакцина Спутник В.

Вкупниот број на вакцинирани во земјата се очекува да достигне 50 милиони во јуни, а кампањата ќе продолжи во јули и август.

Според Си-Ен-Ен-Турк, 85 проценти од Турците постари од 65 години веќе биле имунизирани. Во исто време, интересот на младите за вакцинација е многу помал, но здравствените власти планираат да формираат специјални тимови за да ги убедат младите во придобивките од вакцините против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Инфлацијата во Турција во септември 83,45 отсто

Во турски воздушен напад во северен Ирак погинале 23 Курди

Ана Ололовска

Ердоган: Од 2016 од Турција во Сирија се вратиле над 500.000 бегалци

Ана Ололовска

Ердоган повторно се закани дека ќе го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО

Ана Ололовска

Радев: Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција е симбол на растечкиот потенцијал на регионот

Ана Ололовска

Турција ја отфрли одлуката на Русија за анексија на четири украински региони

Ана Ололовска