Турски воени единици се упатија кон сирискиот град Саракиб

Од:

Сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека турски оклопни возила, наполнети со оружје, ја минале границата и влегле во Саракиб, а крајна цел им е градот Хан Шејхун.

Во соопштението на сириското министерство овој најнов случај се оценува како „скандалозно турско мешање“, пренесоа руските медиуми.

„Непријателското однесување на турскиот режим нема да се одрази на сириската офанзива кон Хан Шејхун“, уверува министерството.

До овој момент се уште нема никаква реакција од страна на Турција.

Државната телевизија Сирија TВ прецизира дека во моментов турската воена техника се движи кон градот Хан Шејхун, во провинцијата Идлиб, кон каде е упатена и владината сириска армија.

Претходно руските медиуми соопштија дека силите на Башар Асад под своја контрола зазеле граничен премин во северозападните делови на Хан Шејхун, а градот што е под контрола на терористите е опколен.

Провинцијата Идлиб е последниот бастион на терористите во Сирија. Освен вооружената опозиција, таму е сместена и групата „Џебхат ан-Нусра“. Неодамна во Нурсултан ( доскорешна Астана) се оддржаа преговори за деескалација на ситуацијата во регионот, а на 2 август во Идлиб во сила влезе и договореното примирје.

Командата на вооружените сириски сили соопшти дека ќе ги запре борбите, само под услов Турција да го исполни својот дел од обврските од Договорот од Сочи.

Документот лани во септември го потпишаа Москва и Анкара. Главен момент во договорот е повлекување на тешкото и средно воворужување на 20 километри од демилитаризираната зона. Турција требаше да го гарантира безбедното повлекување на оружјето.

Армијата на претседателот Асад на 5 август ги обнови своите операции во регионот поради неисполнување на условите од договорот: воружените формации, користејќи го затишјето, се обидуваа да ги напаѓаат позициите на сириската армија во северниот дел на провинцијата Хама и повеќепати отвораја оган врз селата населени со цивили.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека сириските и руските воени авиони изведуваат напади во непосредна близина на турскиот конвој за да го попречат да продолжи понатаму, пренесуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот ги смирува тензиите помеѓу Атина и Анкара

Ана Ололовска

Грција ќе распореди 400 полицајци на границата со Турција кај Еврос

Ана Ололовска

Путин и Кадими разговараа за ситуацијата во Сирија

А1он

Сириската опозиција зароби околу 30 цивили

Израелска армија: Иранските сили се повлекуваат од Сирија

А1он

Турција воведе дополнителни царински тарифи на повеќе од 800 производи

Ана Ололовска