Турската влада ја исфрли идејата за воведување претседателски систем во земјата

Од:

Турската влада повторно застана зад идејата за воведување претседателски систем на управување во земјата, истакнувајќи ја како неопходна за да се има силна политичка стабилност и посигурна поделба на властите.

Во интервју за турската телевизија „Канал 24“ вицепремиерот Бекир Боздаг подвлече дека претседателскиот систем, предложен од владеачката партија, на никаков начин не имплицира воведување на федерализам во Турција.

-Претседателскиот систем е неопходност за силна политичка стабилност и за една влијателна законодавна и извршна власт, како и за независен судски систем, изјави Боздаг во интервјуто.

Отфрлајќи ги тврдењата дека предлогот на владеачката Партија на правдата и развојот (ППР) им за цел да го поткопа унитарниот карактер на земјата, Боздаг изјави дека овие аргументи се фабрикувани од кругови кои се противат на владините напори да му се стави крај на проблемот со тероризмот во Турција.

-Сосема очигледно дека предлогот на ППР е да ја заштити унитарната структура, изјави тој.

Според вицепремиерот, јавната поддршка за процесот што има за цел да го надмине проблемот со тероризмот и курдското прашање се движи меѓу 60 и 70 проценти, а поддршката за воведувањето на претседателски систем на управување е околу 35 отсто, а мнозинството од луѓето се уште не одлучиле каков избор да направат.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски