Турската бомба ги однесе во воздух шансите на Финска и Шведска за членство во НАТО

Од:

Вчерашното бомбардирање во Истанбул веројатно ги уништи шансите Шведска и Финска да станат членки на НАТО алијансата во блиска иднина. Веднаш по експлозијата Реџеп Таип Ердоган ги обвини терористите дека ја нападнале Турција, а подоцна се испостави дека неговите тврдења се потврдени.

Главен осомничен за бомбашкиот напад е Ахлам Албашир, која, наводно, признала дека била обучена за експлозијата од Курдистанската работничка партија (ПКК), која е означена како терористичка организација во Турција, САД и ЕУ. Силната основа на ПКК во Шведска е токму причината поради која Ердоган не сакаше да гласа за членство на земјата во НАТО.

Бомбашкиот напад се случи вчера околу 16:20 часот по локално време во најфреквентната улица во центарот на Истанбул. Медиумите прво објавија дека има 11 повредени, но тој број во текот на денот се искачи на 81. Според турската полиција, во нападот загинале шест лица, што Ердоган веднаш го оцени како терористички чин.

Практично откако лидерите на Турција и Шведска се пријавија за членство во НАТО алијансата, поради зголемената закана од Русија, Ердоган се спротивстави на нивниот прием.

Причината е едноставна, има силна база на Курдистанската работничка партија (ПКК) во Шведска.

Иако има голема курдска дијаспора во Шведска и другите нордиски земји, ПКК е класифицирана како терористичка организација во ЕУ, САД и Турција и не и е дозволено слободно да дејствува. Сепак, Турција бара од Шведска да преземе посилни мерки против членовите на ПКК, како и да престане со финансирањето на ИПГ – група за која Анкара смета дека е под директна контрола на ПКК.

Покрај тоа, важен сегмент е и ембаргото за извоз на оружје, според кое Шведска и Финска не би можеле да испорачаат оружје на Турција. Во случај овие две земји да станат членки, ембаргото нема рационална основа бидејќи членките на НАТО соработуваат на полето на одбраната.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски