Турската артилерија гранатираше четири населби во Сирија

Од:

Турската артилерија гранатираше четири населби во близина на сирискиот град Рака, соопшти денеска курдскиот ТВ канал „Рудав“.

Според извештај на телевизијата, турските вооружени сили гранатирале четири села северозападно од Рака, пренесе Тасс. До сега, нема информации за евентуални жртви.

Во гранатирањето, според телевизијата, бил уништен ресторан што се наоѓа на автопатот М-4, меѓу Алепо и Латакија.

Од средината на март, Русија и Турција заеднички патролираат на автопатот М-4 со намера да воспостават безбедносен коридор долж рутата.

Би можело да ве интересира

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град