Турска делегација оди во Шведска заради нејзината кандидатура за членство во НАТО

Од:

Турска делегација отпатува во Стокхолм за да разговара за обврските преземени од Шведска и Финска заради членство во НАТО, јави турската приватна телевизија НТВ.

Портпаролот на претседателот Ибрахим Кален и заменикот-министер за надворешни работи Седат Јонал ќе присуствуваат на денешните разговори, на кои ќе се разгледаат чекорите што двете нордиски земји ги презедоа и кои ветуваат дека во иднина ќе ги преземат.

За време на средбата ќе се разговара за теми како што се екстрадиција на членови на групи како Курдската работничка партија (ПКК) и т.н.ФЕТО и ограничување на активностите на терористичките организации.

Минатата недела на зградата на турската амбасада во Стокхолм беа проектирани изјави и фотографии со пропагандни слики на терористички организации, а по инцидентот, Министерството за надворешни работи го повика шведскиот амбасадор во Анкара за да го изрази негодувањето на Турција.

Двете скандинавски земји ги поднесоа своите апликации за членство во НАТО во јуни, но Турција приговори, велејќи дека двете земји толерираат, па дури и поддржуваат терористички групи, вклучително и претставници на ПКК. Според трипартитниот меморандум потпишан во Мадрид, Стокхолм и Хелсинки се обврзаа дека нема да ја поддржуваат ПКК, сириските курдски организации кои Анкара ги смета за ограноци на ПКК, како и, како што ја нарекува Турција, Фетулахистичка терористичка организација (ФЕТО), која турските власти ја обвинуваат за обидот за пуч во Турција во 2016 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор