Турција тврди дека Курдите се повлекуваат од североисточна Сирија

Од:

Турската војска денеска соопшти дека внимателно го следи повлекувањето на курдските борци од североисточна Сирија и дека регистрирала дека најмалку 125 возила со борци го напуштиле подрачјето.

Војската наведува дека регистрирала и 36 прекршувања на петдневното примирје, воспоставено со посредување на САД.

Турција најави продолжување на офанзивата доколку курдските борци до утре вечер не ја напуштат пограничната зона, кога всушност завршува примирјето.

Американската Влада посредуваше во постигнување на примирјето по жестоките критики дома и во странство дека ја овозможи турската офанзива со повлекувањето на американските војници од североисточна Сирија.

Би можело да ве интересира

Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

А1он

Песков: Размената на обвинувања помеѓу САД и Кина е невкусна

А1он

Стапи во сила забраната за влез на граѓани од Бразил во САД

А1он

ВИДЕО: По десетнеделен карантин Бајден во посета на меморијалниот споменик

Ана Ололовска

Трамп го одбележа Денот на сеќавањето

А1он

Путин и Кадими разговараа за ситуацијата во Сирија

А1он