Турција со ново „не“ за Шведска и Финска, сега за трилатерална средба

Од:

Турција го отфрли предлогот на НАТО за одржување трилатерални разговори со Финска и Шведска. Состанокот, што условно беше закажан за денеска, не се одржа, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Според извештајот, целта на разговорите била да се најде решение за проблемот што Анкара не го одобрува влезот на Шведска и Финска во Алијансата.

Според извори, пред да се одржат можни трилатерални преговори, Анкара побарала Хелсинки и Стокхолм да дадат конкретни предлози за прекин на врските со Курдската работничка партија, која е забранета во Турција, за што турската страна ги обвинува двете земји.

„Трилатералната средба со посредство на Алијансата беше крајната цел… но ние сè уште не сме стигнале до тоа“, пишува весникот, цитирајќи извор од НАТО.

Да потсетиме, поради настаните во Украина на 18 мај, Финска и Шведска поднесоа барање до генералниот секретар на НАТО за влез во Алијансата.

Турција го блокираше почетокот на процесот на разгледување на овие апликации. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, бидејќи не може да им верува на нивните гаранции за односите со претставниците на Курдската работничка партија.

Кремљ оцени дека таквиот чекор на двете соседни земји претставува егзистенцијална опасност за земјата, додека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова неодамна изјави дека Русија ги предупредила Финска и Шведска за последиците од нивното влегување во НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана