Турција се согласи да ги прекине воените операции во Сирија

Од:

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган постигнаа договор во Анкара за запирање на турската офанзива во североисточна Сирија. Оваа информација ја соопшти Пенс на прес-конференција по разговорот со Ердоган, објави Ројтерс.

Турција се согласи на петдневно примирје во североисточна Сирија да им овозможи на курдските сили да се повлечат, по што операцијата „Извор на мир“ ќе биде целосно прекината, рече Пенс.

Сите воени операции ќе бидат стопирани во наредните 120 часа, а САД ќе помогнат во повлекувањето на трупите предводени од Курдите од, како што ја нарекува Турција, „безбедната зона“ на границата, пренесува Би-Би-Си.

Пенс рече дека повлекувањето на Курдските народни заштитни сили е веќе во тек и дека САД работат на нивно преместување преку 32-километарската граница со Турција.

Тој изрази очекување дека Вашингтон ќе одржува силни врски со Курдите во Сирија.

Пенс додаде дека претседателот Трамп се согласил да ги укине економските санкции што ги воведе откако започна офанзивата и да не се воведуваат нови, по спроведувањето на договорот.

„Зборував со Трамп кој е многу благодарен за постигнување договор за прекин на огнот“, рече Пенс.

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на својот турски колега на „Твитер“, посочувајќи дека од Анкара доаѓаат големи вести и ќе бидат спасени милиони животи. Трамп тоа го напиша веднаш откако Пенс ја заврши четиричасовната средба со Ердоган во Анкара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск