Турција го повика американскиот амбасадор во Анкара да го информира за воената операција во Сирија

Од:

Американскиот амбасадор во Анкара, Дејвид Сатерфилд е повикан во Министерството за надворешни работи за да добие информација од прва рака за новата турска воена операција во северна Сирија, само неколку минути откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган го означи почетокот на офанзивата, пренесе Си-Ен-Ен Турк.

Почетокот на воената интервенција се очекуваше уште откако американската армија сооопшти дека ќе почне да се повлекува од регионот, како дел од изненадувачката промена на позицијата на Вашингтон, што до тој момент ги поддржуваше курдските сили, кои ја контролираат северна Сирија.

Ердоган претходно соопшти дека операцијата почнала и ќе биде извршена заедно со турските сојузници во Сирија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски