Трув: Државна банка во Холандија финансира фирми вмешани во скандали

Од:

Развојната банка ФМО во Холандија, чиј мнозински сопственик е државата, финансира проекти на странски претпријатија вмешани во убиства, заплашувања, загадување на животната средина, апсења и заплена на земјиште од страна на локалното население, објави холандскиот весник Трув.

Весникот ги објави резултатите од своето истражување, во кое се заклучува дека банката, која има за цел да го зајакне економскиот раст на земјите во развој, според учесниците во проектот, не прави доволно за да утврди кои се сопствениците на земјиштето ниту да ги истражи злоупотребите во проектите што ги финансира.

Нивното истражување, засновано на разговори со инспектори, адвокати, извештаи од општествени организации и независни комисии на банката кои се занимаваат со жалби, покажа дека во седум проекти, делумно финансирани од ФМО или други финансиски организации каде што банката е акционер, има злоупотреба.

Сепак, Трув напоменува дека ова е мал број од речиси 800 проекти финансирани од ФМО во 2019 година, со вкупен капитал од 9,6 милијарди евра.

Трув наведува дека при изградбата на браните во Хондурас и Панама се убиени неколку противници на проектот, чиј финансиер е ФМО банката, а директорот на компанијата во Хондурас што ја гради браната е уапсен во врска со едно од убиствата. Во Панама, протестот против подигнувањето на браната беше насилно задушен од војската, при што меѓу демонстрантите имаше загинати и повредени.

Во Конго, Либерија, Сиера Леоне, Сенегал и Гватемала поради спротивставувањето на локалното население на поставувањето брани, изградба на електрани на јаглен или подигнување плантажи со палми, имаше убиства, насилство, заплашување, репресија и апсења.

Во некои случаи е забележано и нелегално одземање земјиште од локалното население.

Банката ФМО одговари дека „многу сериозно се бави со излезната стратегија и нејзиното влијание врз локалното население, како и со дополнителна грижа околу проектите, но дека понекогаш е спречена од страна на локалните партнери“.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

На изборите во Холандија најмногу гласови освои опозициската десничарска Партија на слободата

Амбасадорот Коп: Во земјава нема вистинска политичка волја за промена

А1он

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ