Трудо им порача на Канаѓаните дека им е потребна влада која верува во науката

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска, на последниот ден од предизборната кампања, ги предупреди граѓаните дека неговите конзервативни противници може да ја ослабнат борбата на државата против епидемијата на коронавирусот, порачувајќи дека на Канаѓаните им треба влада која ја следи науката.

Анкетите покажуваат дека Либералната партија на Трудо и опозициската Конзервативна партија се многу изедначени, па затоа е малку веројатно дека либералите на утрешните избори ќе го освојат потребното мнозинство за формирање влада без коалициски партнери.

– Не ни треба конзервативна влада која нема да биде способна да води кампања за вакцинација и да ја следи науката, што ни е потребно за да ја запреме оваа епидемија, истакна канадскиот премиер во Монтреал.

Конзервативците одбија да кажат колку членови на нивната партија не се вакцинирани, нарекувајќи го тоа „лична здравствена одлука“.

Трудо поддржува задолжителна вакцинација за секој што сака да патува со авион или воз, на што се противат конзервативците.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба